Јирген Клоп од 1 ноември ќе биде голбален фудбалски шеф во Ред Бул. Германскиот стратег ќе биде главен советник за сите клубови кои се во сопственост на Ред Бул, како што се Лајпциг, Салцбург и Њујорк. Ќе им помага на тренерите, ќе работи за развој на фудбалската филозофија, како и ќе помага за развој на тренерите и играчите.
Еден од најдобрите тренери потпиша долгогодишен договор со Ред Бул, а постои и клаузула според која новото работно место може да го напушти доколку добие покана да биде селектор на Германија. Моментално селектор на Панцерите е Јулијан Нагелсман кој договор е до летото 2026 година, односно до завршување на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Флиријан Плетенберг прв ја објави веста дека Клоп има нова работа, а потоа таа вест беше потврдена. Инсајдерот сега открива дека Клоп на новото работно место ќе има годишна плата од 10-12 милиони евра.
Клоп до пред неколку месеци беше на тренерската позиција во Ливерпул, каде помина осум години и освои вкупно осум трофеи. Претходно има работено по седум години во екипите на Борусија Дортмунд и Мајнц.