Клоп се откажува од титулата: Ако играме вака, тогаш нема потреба да мислиме на Манчестер сити

Екипата на Ливерпул со вчерашниот пораз против Лестер од 1:0 дпополнително заостана во трката за шампионската титула во Премиер лигата.

Тимот од „Енфилд“ иако вчеравечер имаше голем број шанси, сепак, не успеа да реализира ниту една од нив, а на спротивната страна беше казнет од Ентони Лукман во 59-тата минута.

„Разликата со Манчестер сити станува сè поголема и ако продолжиме вака да играме, тој клуб ќе биде недостижен за нас и нема потреба да мислиме за нив. Но, ако играме како што играме нормално и победуваме, тогаш имаме некаква шанса.

Лестер ја заслужи победата бидејќи беа свесни што посакуваат. Ние тргнавме добро, но промашениот пенал и неколкуте промашени шанси имаа влијание врз нас.

Моја главна задача ќе биде да најдам решение за да не се повтори сето ова што се повтори сега, а не да ја гледам табелата и разликата со Манчестер сити“, изјави тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

По 19 одиграни кола, Манчестер сити има 47, додека Ливерпул е на второто место со 41 бод.

- Оглас -

Најнови вести