Клоп влезе во друштво на Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер

Ливерпул на свој терен одигра меч со многу пресврти, а на крајот навивачите на „Енфилд роуд“ се радуваа на победа од 4:3 против Фулам. Гостите од Лондон водеа со 3:2 до 86 минута, а потоа следуваше фуриозен финиш на Ливерпул. Со два гола во само две минути, избраниците на Јирген Клоп направија пресврт и се радуваа на триумф од 4:3.

Оваа победа на Клоп е посебна за германскиот стратег Клоп. Ова е осма година по ред како Клоп стигнува до 20+ победи во Премиер лигата. Тој дојде на чело на Ливерпул во 2016 година и до сега секоја година ја завршува со 20+ победи во првенството.

Низ историјата на Премиер лигата ова досега им успеало само два легендарни менаџери. Сер Алекс Фергузон имаше осум години по ред со 20+ победи и тоа во период од 2005 до 2012 година како предводник на Манчестер јунајтед, додека рекордер е Арсен Венгер со 12 години по ред со 20+ победи и оваа низа на некогашниот легендарен стратег на Арсенал траеше од 1998 до 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести