27.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Клоп во иднина се гледа како селектор на Германија

За Ливерпул успесите почнаа да се редат откако Јирген Клоп ги воспостави темелите на Мерсисајд. Формирањето на овој шампионски тим траеше неколку сезони, за во последните две Црвените да стигнат до шестата титула во Лигата на шампионите, како и 19-тата во Англија, односно прва откако е формирана Премиер лигата.

Голема заслуга за тоа секако има германскиот стратег, кој по освојувањето на европската титула, ставни потпис на нов петгодишен договор, според кој ќе се задржи на „Енфилд“ до јуни 2024 година. Во интервју за една германска телевизија Клоп кажа дека има три опции откако ќе му заврши соработката со Ливерпул, а да остане во клубот не е една од нив.

„Би можело да одморам една година, да преземам клуб или национален тим, а може да не правам ништо“, истакна харизматичниот Клоп.

Меѓутоа, германската јавност во иднина го гледа како селектор на Германија, а во минатото и самиот Јирген напомена дека тоа е опција, да ги преземе Панцерите.

- Оглас -

Најнови вести