Клоп во мај се враќа во Ливерпул

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, може да се врати на „Енфилд“ следниот месец, речиси една година по крајот на неговиот осум и пол годишен престој на чело на тимот со којшто стана и европски и англиски првак.

Германецот ќе биде специјален гостин и главен говорник на хуманитарната гала-вечера организирана од Фондацијата ЛФЦ, која ќе се одржи на 23 мај (петок) во катедралата во Ливерпул. Неговото присуство се очекува официјално да биде потврдено оваа недела.

Клоп доби и покана да го гледа последниот натпревар од сезоната, домашниот натпревар против Кристал палас на 25 мај, кога тимот на Арне Слот треба да биде крунисан за шампион во Премиер лигата.

Сепак, уште не е дефинитивно дали поранешниот тренер ќе присуствува на натпреварот и дали ќе биде во отворениот автобус на парадата низ градот. Ливерпул кога стана првак во 2020 година, имаше пандемија на ковид-19 и немаше прослава на титулата.

Клоп не стапнал на „Енфилд“ од крајот на минатата сезона. По заминувањето од клубот, тој направи пауза од фудбалот, а во јануари оваа година започна нова улога на глобален фудбалски шеф во структурата на Ред Бул.

- Оглас -

Најнови вести