Ливерпул со триумфот над Челзи од 2-0 се врати на чело на табелата во Премиер лигата, па на четири кола до крајот на шампионатот се два бода пред актуелниот првак Манчестер сити. Јирген Клоп е горд на своите играчи и начинот на којшто дојдоа до трите бода, а ги истакна своите импресии и за прекрасниот погодок на Мо Салах, со кој „црвените“ ја запечатија победата на „Енфилд роуд“.
„Каков тим, каков стадион, каква атмосфера! Презадоволен сум од начинот на којшто игравме и како изгледавме на теренот. Благодарен сум што доживувам вакви моменти, ова беше неверојатно. Сега се подготвуваме за Порто, потоа за Кардиф, па за сите преостанати натпревари до крајот на сезоната. А, голот на Салах? Го проследив од најдобар можен агол, пред сите останати ја видов топката како влегува во голот. Каков прекрасен погодок. Вау!“, истакна Клоп.
Погледнете го уште еднаш „проектилот“ на Салах, кој ниту двајца голмани не би можеле да го одбранат!
https://www.youtube.com/watch?v=TjXuFZ_tHog