Клоп замената за Каиседо ја пронајде во Штутгарт: 30-годишен Jапонец пристигнува на „Енфилд“

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откако не успеа да го ангажира Мојсес Каиседо од Брајтон, кој потпиша за Челзи, проблемите во линија за врска ќе ги решава со ангажманот на Ватару Ендо од Штутгарт.

Ливерпул на бундеслигашот ќе му плати 18 милиони евра за 30-годишниот Јапонецот, што во светот на фудбалот претставува вистинско изненадување.

Ендо во Европа пристигна во 2018 година како 25-годишник, и тоа во белгискиот Сент Труден. Потоа следуваше позајмица во Штутгарт, а бундеслигашот во 2020 го откупи неговиот договор само за 1,7 милиони евра.

Јапонецот со текот на времето се наметна во средината на теренот на Штутгарт и прерасна во еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата на оваа позиција.

- Оглас -

Најнови вести