Ливерпул со голема мака и гол на Џоел Матип во последните мигови од регуларниот дел го победи Ајакс со 2:1.
Со тоа тимот од „Енфилд“ се извади за дебаклот од пред шест дена против Наполи, а и тренерот Јирген Клоп е задоволен од прикажаното.
„Голот на Ајакс дојде од нивната единствена шанса, но мораме да се навикнеме бидејќи така е на секој натпревар каде што од прва шанса примаме гол.
Но, покажавме карактер, знаеме дека животот не е лесен и дека имаме проблеми, а кога имате проблеми, сакате веднаш да ги решите за да бидете со мирна глава, такви бевме и ние.
Ова, се надевам, е само почеток“ изјави Клоп.