Германскиот стратег Јирген Клоп кој веќе неколку години е предводник на екипата на Ливерпул, објасни дека згрешил кога во минатото дал изјава дека тој никогаш нема да потроши 100 милиони евра за доведување на еден играч. Клоп го критикуваше Манчестер јунајтед кога Црвените ѓаволи платија 105 милиони евра за доведување на Пол Погба, велејќи дека тој никогаш нема да потроши толку пари за еден играч.
Сепак, работите се сменија, откако летово Ливерпул плати токму 100 милиони евра за да го доведе Дарвин Нуњес на „Енфилд роуд“. Клоп вели дека во животот многу работи се менуваат, па некогаш може да се смени и неговото мислење.
„Кога сакате да потпишете со напажач каков што е Дарвин, а сте дел од пазарот, тогаш мора да платите цена. Во животот и претходно сум кажувал работи, а потоа животот подоцна ме фаќал на „крива нога“. Ми се докажува дека мојот мозок не е во состојба да замисли колку брзо работите може да се променат“, вели Клоп.
https://twitter.com/i/status/1547608261989257216
Ливерпул во првиот контролен меч како подготовка за новата сезона загуби убедливо од големиот ривал Манчестер јунајтед, а токму Нуњес беше цел на критики од навивачите поради неговата слаба игра.