Клоп знае што сака – Ливерпул најавува жешко идно лето, целта е да се доведе Мбапе

Ливерпул ќе се вклучи во трката за ангажман на Килијан Мбапе, објави англиски „Дејли експрес“, иако желбата на извонредниот офанзивец е да игра за Реал Мадрид.

Кралскиот клуб сè уште се надева дека ќе се договори со Пари Сен Жермен околу тоа Мбапе да се пресели во Мадрид во овој преоден рок. Гласините се засилија откако е објавено дека самиот фудбалер побарал да си замине од Париз и очекува разговор со челниците на ПСЖ.

Сепак, веројатноста тој да стане член на Реал Мадрид ова лето е минимална, иако Кралскиот клуб му предложи на ПСЖ варијанта со позајмица на Мбапе.

Килијан ќе биде слободен играч идното лето, кое ќе биде жешко, особено во фудбалската трка за 22-годишниот репрезентативец на Франција, во која очигледно и Ливерпул има сериозни намери за негов ангажман.

 

 

- Оглас -

Најнови вести