Клоп: Знам што ќе направам следниот пат кога ќе го видам Симеоне (Видео)

Диего Симеоне по мечот кој неговиот Атлетико Мадрид го загуби од Ливерпул со 2-3, веднаш отрча во соблекувална и одби да му честита на колегата Јирген Клоп, кој тргна кон него со намера да се поздрави. Овој „кукавички“ потег на аргентинскиот стручњак предизвика многу реакции.

Клоп вели дека следниот пат кога ќе се сретне со Симеоне, ќе постапи како и секогаш и ќе му пружи рака.

„Јас сакав да се поздравиме, тој не сакаше. Тој беше лут, не на мене, туку поради резултатот. Неговата реакција не беше во ред, а не беше ни мојата, но ние сме емотивни луѓе. Следниот пат кога ќе се видиме, дефинитивно ќе се поздравиме“, изјави Клоп.

Симеоне даде необично објаснување зошто не сакал да се поздрави.

„И другпат правам така, ретко се поздравувам по натпревар. Не сакам такви работи. Не е ни добро за здравјето на двајцата, тоа е мое мислење. Немам проблем да се поздравам со Клоп, следниот пат ќе се поздравам“, рече популарниот Чоло.

- Оглас -

Најнови вести