Клуб кој постои над 100 години, дочека да игра на Вембли и да победи (Видео)

Харогејт е клуб кој дури 106 години чекаше за да го оствари најголемиот успех во клупската историја. Иако за многумина постогувањето на Харогејт е минирно, фудбалерите на овој мал клуб се вистински херои за нивните миленици.

Клубот кој од 2017 година влезе меѓу професионалните клубови, успеа да се пласира во Лига 2 во Англија, првенство кое е четврто по ранг во земјата. За место во Лига 2, Харогејт вчера играше на најголемиот стадион во Англија „Вембли“ и победи против Нотс Каунти со 3:1.

Пред мечот, Нотс Каунти ја имаше улогата на фаворит. Тоа е клуб кој е формиран во далечната 1862 година и е дел од 12-те клубови кои во 1888 година ја формираа првата англиска лига. Џабе му беше историјата на Нотс Каунти, кога на теренот играчите на Харогејт беа помотивирани и подобри, па на крајот стигнаа до победа која ги одведе во ранг поголе за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести