Клуб од Брегот на Слонова коска ги пријави Челзи и Молде за кражба на играч, помагала и мајка му

Фудбалскиот клуб Абиџан сити од Брегот на Слонова Коска ги пријави Челзи и Молде во ФИФА за кражба на фудбалер, а велат дека таа се случила со помош на мајката на фудбалерот.

Молде е првообвинет според пријавата на Абиџан сити, бидејќи екстра талентот Давид Датро Фофана пристигна кај Норвежаните лани во февруари без отштета.

Сега проблем е што Молде му го продаде Фофана на Челзи за 12 милиони фунти, а Абиџан сити нема да добие ниту една фунта, иако би требало, според правилникот за тренинг компензација.

За тоа ја обвинуваат мајката на Фофана, која според нив на нелегален начин ги добила документите за својот син со што е избегната отштетата за клубот од Брегот на Слонова Коска.

Фофана има 20 години и е голем фудбалски талент, а веќе има и 3 настапи за сениорската репрезентација на Брегот на Слонова Коска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести