Хрватскиот фудбалски сојуз одлучи да го исфрли клубот Шибеник од елитниот ранг на натпреварување и да го испрати во најниската четврта лига. Оваа одлука ја донесе комисијата за лиценцирање на клубовите во Хрватска за сезоната 2025/26, па Шибеник оди во најнискиот ранг на натпреварувањето.
Шибеник беше во голема криза во текот на неодамна завршената сезона, играчите често беа плаќани со доцнење, па на крајот тимот заврши на последното место во ХНЛ со 30 бода и испадна од лигата.
Сепак, следната сезона тој нема да игра во втората, туку во четвртата лига бидејќи му беа одбиени лиценци за сите натпреварувања, па практично ќе мора да почне од почеток.