Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, Аргентинецот Серхио Агуеро, е „нов член“ на јужноафриканскиот клуб Кејп Таун сити. На официјалната страница на клубот се појави „официјална“ информација дека потпишале пред-договор со популарниот Кун. Но, станува збор за првоаприлска шега.
Прекарот на Кејп Таун истотака е Граѓани, како и на Манчестер сити, со кој освои 13 трофеи. За потписот на Агуеро кој од 1 јули е слободен играч, се борат повеќе големи европски клубови.