32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Клуб од место во кое има само 800 жители прави чуда и е на прагот да испише историја

Во повеќето европски земји фудбалските првенства се на самиот почеток, но има и такви во кои сезоната трае од почетокот до крајот на календарската година. Во тие земји првенствата достигнуваат кулминација.

Една таква земја е Шведска, чија прва лига се игра од март до ноември. Таму веќе се одиграа 20 од планираните 30 кола, а на врвот на табелата се наоѓа една од најголемите сензации во европскиот фудбал.

Мјелби АИФ е клуб кој по 20 кола има освоено 47 бода и е лидер на табелата со пет бода повеќе од Хамерби. Мјелби АИФ има само еден пораз досега и со игрите кои ги покажува е фаворит за титулата.

Интересно е дека овој клуб доаѓа од општината Хелевик, каде што има едвај 800 жители.

„Кога нашите противници доаѓаат на гости, тие се возат со автобус и возат низ фарми, покрај рибарски пристаништа. Потоа возат малку повеќе и кога не можат да одат понатаму, доаѓаат на нашиот стадион“, за „Гардијан“ изјави Хасе Ларсон, спортски директор на клубот.

Мјелби е клуб кој низ својата историја имал многу падови, па знаел да игра и во четвртата лига. Не толку одамна, односно од 2015 до 2018 година, овој клуб беше дел од третата лига. Потоа две сезони по ред напредуваше по еден ранг и се врати во елитното друштво. Сега шест години е дел од Прва лига, а интересно е дека во последниве пет сезони на табелата завршувал од петтото до десеттото место.

Според направената проценка на вредноста на играчите, Мјелби е тим кој е деветти по вредност. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра. Тренер на екипата е 59-годишниот школски учител Андерс Тортенсон.

Токму поради сите овие факти, вистинско чудо е како Мјалби е лидер на табелата во првенството на Шведска, каде што има екипи како Малме, чии играчи вредат 40 милиони евра, во Хамерби вредноста е над 30 милиони евра, а далеку пред Мјелби по вредноста на екипите се и Ѓургарден, Елфсборг, АИК, Хакен…

- Оглас -

Најнови вести