Клуб од Саудиска Арабија му нуди договор на Икарди, но под услови кои нема да ѝ се допаднат на Ванда

Ал-Шабаб од Саудиска Арабија му нуди астрономски договор на Мауро Икарди, но му поставува и услов кој тешко ќе може да биде исполнет.

Позајмицата на Икарди во Галатасарај му заврши и тој официјално се врати во ПСЖ, а Ал-Шабаб е подготвен да плати 20 милиони евра обесштетување за да го откупи неговиот договор една година пред истекот.

Фудбалерот на маса има двегодишен договор со кој би заработувал 40 милиони евра по сезона, односно 80 милиони евра вкупно. Сепак, единствен услов е со него во Саудиска Арабија да не патува неговата партнерка Ванда Нара, а ќе ѝ биде забрането и да го посетува.

Според барањето на клубот, тие може слободно да останат во врска, но не смеат да бидат заедно во Саудиска Арабија бидејќи може да му наштетат на општеството со нивното непримерно однесување.

- Оглас -

Најнови вести