13.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Клуб од село само чудо може да го спречи да не биде шампион на Шведска

Шведскиот клуб Мјалби обезбеди место во европските натпреварувања за сезоната 2026/27, што ќе биде нивен прв настап во Европа. Ова е огромно достигнување за клубот, кој потекнува од Хелевик, село во јужна Шведска кое брои помалку од 1.500 жители според последниот попис.

Покрај „визата“ за место во Европа, Мјалби е на добар пат да направи сензација и да ја освои титулата. На пет кола до крајот, Мјалби има 11 бода повеќе од второпласираниот Хамарби и би било чудо Мјалби да не стигне до првата титула во шведското првенство.

Мјалби е клуб кој низ својата историја имал многу осцилации. Бил во првата лига, па потоа знаел да падне и до четвртата шведска лига. Не толку одамна, односно во периодот од 2015 до 2018 година, беше во третата лига. Потоа, во две последователни сезони, освоил промоција и сега игра во највисокото ниво на шведскиот фудбал шеста сезона по ред. Во овој период, на крајот од првенството завршувал меѓу петтото и десеттото место на табелата.

Според Transfermarkt, Мјелби е деветтиот тим по вресност во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра. Највредниот шведски клуб е Малме со 40 милиони евра, а Хамарби исто така вреди над 30 милиони, додека Ѓургарден вреди 25 милиони евра. Овие, заедно со Елфсборг, АИК и Хекен (исто така вредни над 20 милиони), се претежно најголемите фаворити на шведското првенство и клубовите што го освојуваат, но оваа година тоа очигледно ќе се промени.

- Оглас -

Најнови вести