9.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Клуб од село со 800 жители е нов шампион на Шведска! (Видео)

Екипата на Мјалби победи со 0-2 на гостувањето кај ИФК Гетеборг и на три кола пред крајот ја обезбеди шампионската титула во првенството на Шведска. Тие сега имаат недозстижни 11 поени предност и на најдобар можен начин ја крунисаа историската година за нив.

Клубот е од мало рибарско село на Балтичкото море со само 800 жители, а игра на стадион со капацитет за 6.000 гледачи во соседното село Халевик. За Мјалби ова е прва шампионска титула во историјата на клубот и следното лето ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, што за нив ќе биде и прво воопшто учество во европските фудбалски купови.

 

- Оглас -

Најнови вести