Разделбата меѓу Лионел Меси и Барселона до неодамна беше најактуелна тема во фудбалскиот свет, меѓутоа капитенот реши да го испочитува до крај договорот што го има со гигантот од „Камп ноу“.
Додека траеше сагата, Меси се поврзуваше со неколку великани, како Манчестер сити и ПСЖ, а токму Граѓаните покажаа најголем интерес и дури испраќаа конкретни понуди кои управата на Барса лесно ги одбиваше. Драмата заврши, Меси остана, а Жозе Мурињо конечно доби прилика да го искаже своето мислење околу целата ситуација и воедно да испрати провокација до ривалот од Премиер лигата – Манчестер сити и неговиот колега Пеп Гвардиола.
„Тотенхем е клуб што го почитува финансискиот ферплеј, а Меси може да биде купен од клуб што не го почитуа тоа“, провоцира Мурињо.
Неговиот Тотенхем на стартот од новата сезона во Премиер лигата ќе се соочи против Евертон, дуел кој е закажан на 13 септември.