Клуб кој дал најмногу играчи кои станале светски шампиони е италијанскиот гигант Јувентус.
И пред првенството во Катар, Јуве беше прв во оваа категорија, со тоа што Баерн имаше шанса да го надмине ако Германија станеше светски првак.
Анхел ди Марија и Леандро Паредес станаа 26-тиот и 27-миот фудбалер кои како членови на Јуве освоиле СП. Пред нив, светски прваци во момент кога биле членови на Старата дама биле многу италијански легенди, но и странци од типот на Французите Зидан, Дешан и Матуиди.
Баерн имал 24 шампиони, а трет е Интер со 21. Лаутаро Мартинес го подобри билансот на интеристите.