Клуб за кој ретко кој има слушнато сака да го доведе Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо пред еден месец наполни 40 години, но уште нема намера да ја заврши кариерата. Португалецот има договор со Ал-Наср до крајот на оваа сезона, но речиси сигурно е дека ќе биде активен и следната сезона.

Најавите се дека Роналдо летово речиси сигурно ќе си замине од Ал-Наср, а интерес за неговиот потпис има од разни страни. Можно е Роналдо да остане во Саудиска Арабија ако ја прифати понудата на Ал-Хилал, но интересна понуда стигна и од Бразил.

Амбициозниот бразилски нисколигаш Португесе е член на Серија Д, а би сакал во своите редови да го види Роналдо. На пауза меѓу сезоната, Португесе игра против некој од најпознатите бразилски клубови како што се Сантос и Сао Пауло.

Роналдо не е првата голема „ѕверка“ што Португесе сака да ја доведе. Во минатото тие сакаа да потпишат и со Луис Нани и Радамел Фалкао, но овие обиди беа неуспешни.

„Сакаме да го засилиме тимот и да се разбуди гордоста на португалската заедница тука во Бразил. Токму тоа беше целта со Нани. Сега, повторно ќе се обидеме за првенството Паулиста 2026 година да го доведеме одличниот Португалец во Бразил, тоа е Кристијано Роналдо“, рече претседателот на Португесе, Алекс Бургеос.

- Оглас -

Најнови вести