Клубот кој блескаше во Шпанија сега е се пореално дека ќе испадне!

Валенсија е клуб кој шест пати бил првак на Шпанија, а последниот голем трофеј го освои во 2019 година кога се радуваше во Купот на земјата. Клубот кој играше и во две финалиња во Лигата на шампиони, сега се соочува со најголемата резултатска криза во последните неколку децении.

На свој терен, пред 40.000 навивачи Валенсија вечерва загуби од Севилја со 2:0, а двата погодоци на гостите беа постигнати во второто полувреме.

По овој пораз, Валенсија остана на 27 бодови и е во зоната за испаѓање, па доколку нешто не подобри во играта и резултатите, Лилјаците може да испаднат од елитното шпанско друштво. Последен пат Валенсија играше во Сегунда дивисион во 1985 година.

 

- Оглас -

Најнови вести