Новиот италијански калчолигаш Кремонезе е во преговори за доведување на англискиот голгетер Џејми Вардар. Легендарниот напаѓач кој има 38 години летово стана слободен играч, откако реши да го напушти неговиот омилен клуб Лестер.
Иако веќе е во поодминати фудбалски години, Варди уверува дека уште може да игра на врвно ниво во најсилните лиги во Европа, а сега првпат по 13 години бара нова средина. Најголемиот успех Варди го направи во 2016 година, кога го предводеше Лестер до титулата во Премиер лигата. Тогаш на клупата на Лестер беше прославениот италијански тренер Клаудио Раниери.
Кремонезе е тим кој преку баражот успеа да се пласира во Серија А и имаше фантастичен старт. Во првото коло, Кремонезе имаше историска победа над Милан на „Сан Сиро“ од 2:1. Никогаш претходно овој клуб не славел над Милан на гости.
Варди во кариерата има одиграно над 500 меча во кои постигнал 200 голови, а има и 71 асистенција.