Лионел Меси како 13-годишно детенце од Аргентина пристигна во Европа и дојде во Барселона. Ја помина познатата „Ла Масија“, а потоа речиси една и пол деценија восхитуваше со своите виртуозни потези и донесе многу трофеи за каталонскиот гигант.
Пред две сезони Меси реши да си замина од Барселона и замина во Пари Сен Жермен, но тоа не значи дека Каталонците го заборавија. Во Барселона многу добро знаат колку Меси сонуваше да стане светски првак, а тоа сега се оствари.
Барселона на својот инстаграм-профил посвети неколку постови само за Меси, во кои се делеа само пофални зборови за Аргентинецот.
„Лионел Андрес Меси Кучитини е светски првак“, стои во една објава, а потоа во друга се вели „Конечно го освои, горди сме на тебе Лео“. Во следната порака стои „Луѓе, ја освои“, а потоа и порака која вели „За нас секогаш ќе бидеш најдобар“.