11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Клубот на Дејвид Бекам можеби ќе мора да си го смени името

Интер од Мајами ја загуби првата рунда од судскиот процес во кој Интер од Милано ги тужи Американците околу правото на користење на името. Организациите за патентирање и трговски марки ги отфрлија аргументите на клубот од Мајами чиј еден од сопствениците е Дејвид Бекам и можно е Интернасионал од Мајами да биде принуден да си најде ново име.

Интер Мајами најавува сериозни амбиции и за некоја година може да стане еден од најсилните тимови во САД. Бекам, кој има 10 проценти од акциите, но најактивно учествува во носењето одлуки, сака да донесе големи ѕвезди во тимот, нуди големи плати, но можеби нема да се викаат Интер.

Интернационале од Милано е формиран во далечната 1908 година, а Интер Мајами следниот месец треба да го одигра својот прв официјален натпревар. Во САД сакаат да ги копираат најголемите клубови, во МЛС има тимови кои се викаат или прекар им е Реал, Јунајтед, Сити, Спортинг, но Интер од Милано реши по судски пат да си го заштити својот бренд и комерцијалните права на името Интер.

Низ светот (во Бразил, Финска, Хрватска, итн.) има неколку клубови со името Интер, па затоа Американците сметаат дека треба да им биде дозволено и тие да го користат.

- Оглас -

Најнови вести