Клубот што ги изненади сите во Турција со титула пред две години го промовираше Озил како големо засилување (Фото)

Башакшехир го претстави новото засилување, Месут Озил, кој повторно ќе игра за клуб од Истанбул, откако се пресели од Фенербахче во редовите на новиот тим за кој ќе настапува од идната сезона.

Трансферот е интересен поради прекршеното ветување на поранешниот германски репрезентативец дека Фенербахче ќе му биде последниот клуб од Истанбул за кој играл фудбал.

Сепак неочекувано одлучи да се пресели во клубот што ги изненади сите во 2020 година и ја освои титулата во Турција, со што ја прекина 9-годишната доминација на трилингот гиганти, Фенербахче-Галатасарај-Бешикташ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести