Клубовите се како жените, треба да те возбудуваат

Некогашниот француски репрезентативец Хатем Бен Арфа уште не може да најде клуб. Летово тој си замина од Рен и уште е слободен агент. Самиот Бен Арфа реши да објасни зошто уште нема клуб во кој ќе игра во новата сезона, ги спореди клубовите со жените.

„Имав понуди од неколку клубови, но ги одбив. Барањето клуб е како барањето жена. Ако не те возбудува, нема ништо да се случи“, објасни Бен Арфа на „Инстаграм“.

Некогашниот играч на Њукасл и на Пари Сен Жермен летово беше во преговори со Сампдорија и Фенербахче, но договорите пропаднаа, а сега Бен Арфа објасни зошто уште нема најдено клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести