Челниците на италијанската Серија А со сите сили настојуваат да го реактивираат фудбалското првенство, но постојано имаат големи препреки кои ги поставува Коронавирусот. Клубовите во Италија започнаа со тренинзи, а започна и интензивно тестирање на фудбалерите, што покажа дека ситуацијата не е сјајна.
Од екипите на Фиорентина, Сампдорија и Милан пријавија по неколкумина заразени, факт кој го вклучи алармот за итен состанок на сите 20 клубови од Серија А. Се очекува в среда да има состанок на клубовите, околку можните сценарија и ризикот дали да се продолжат натпреварите.
Доколку првенството не продолжи, постои реална можност на клубовите да не им бидат исплатени 233 милиони евра од телевизиските права, што ќе биде огромен финансиски удар за сите нив. Засега во Европа од Топ 5 лигите, единствено во Франција дефинитивно беше прекинато првенството. Германската Бундеслига треба да започне следниот викенд, Шпанците интензивно тренираат, додека во Англија ситуацијата е статус-кво.