Клубовите смеат да не ги пуштат играчите за репрезентативните дуели!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи дека клубовите може да им забранат на фудбалерите да патуваат за репрезентативните обврски кои следуваат во мартовскиот термин. Досега ФИФА секогаш беше на страната на националните селекции и играчите мораа да се јават на репрезентативните обврски, но пандемијата со Коронавирусот, е причина да се донесе едно сосема неочекувана одлука и да се смени тоа правило.

Клубовите може да им забранат на фудбалерите да одат на репрезентативен собир во одредена држава, ако при враќање од таа држава потоа мораат да одат во карантин кој ќе биде барем пет дена. Велика Британија, но и други европски земји не дозволуваат влез на жители кои се од земји што не се дел од Европската унија и тоа може да преставува голем проблем за Македонија во мартовските квалификации за Светското првенство 2022 година.

Првиот меч од квалификациите за Мундијалот во Катар, Македонија ќе го игра на 25 март и тоа на гости кај Романија, а три дена подоцна сме домаќини на Лихтенштајн. Последниот меч од мартовскиот циклус ќе го заокружиме на 31 март на гости кај некогашниот европски и светски првак Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести