Белгискиот интернационалец, Кевин де Бројне, по повеќемесечна пауза, се врати на фудбалските терени и блескаше во победата на Манчестер сити над Њукасл со 3-2. Фудбалерот има активен договор со Граѓаните до летото 2025 година и веќе се размислува за негова продажба со цел клубот да заработи на него.
Интерес за 32-годишниот фудбалер има од два клуба од Саудиска Арабија, Ал-Наср и Ал-Хилал, а Манчестер сити веќе и ја одреди цената за него – 100 милиони евра.
Иако тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, пред извесен период изјави дека негова желба е Белгиецот да остане на „Етихад“, сепак раководството ќе го продаде Де Бројне ако некоја екипа е подготвена да ја плати сумата која ја бараат.