Светската фудбалска федерација (ФИФА) излезе со податок дека во 2023 година за меѓународни трансфери биле потрошени неверојатни 9,63 милијарди долари. Оваа сума е за 48,1 отсто поголема од тоа што биле потрошени пари во претходната година.
Во целата 2023 година биле направени 74.836 трансфери, а веќе традиционално најголеми трошаџии се англиските клубови со дадени 2,96 милијарди долари за доведување нови играчи. Француските клубови потрошиле 991 милион долари, а потоа следуваат: Германија 850 милиони, Италија со 757 милиони и Шпанија 469 милиони долари.
За првпат во Топ 5 потрошувачи се најдоа клубови од Саудиска Арабија. Во оваа азиска земја во 2023 година биле потрошени 970 милиони долари за доведување нови играчи, што е речиси 20 пати повеќе од тоа што потрошиле во 2023 година.
За највреден трансфер е прогласен доаѓањето на Џуд Белингам во Реал Мадрид, а Енцо Фернандес е втор на оваа листа. Трансферот на Аргентинецот од Бенфика во Челзи треба да доведе стаибилност во играта.