Фудбалските клубови од целиот свет потрошиле 1,9 милијарди евра помалку од ланскиот летен преоден рок за трансфери на играчи, потврди Светската фудбалска федерација (ФИФА). Пандемијата со Коронавирусот има најголем удел за падот на трансферите кои се случуваа во летниот преоден рок.
За разлика од претходните сезони, овојпат летниот преоден рок траеше цел септември па се до 5 октомври, а не како претходно кога беше на почетокот на септември да заврувааат трансферите. Колку за споредба, лани биле потрошени 5,8 милијарди евра за трансфери на фудбалери, а оваа година, иако трансфер периодот беше подолг, клубовите потрошија само 3,92 милијарди евра за доведување на нови фудбалери.
Нормално, најмногу пари се потрошени од страна на европските клубови и тоа 3,78 милијарди евра. Англиските клубови се рекордери со 1,25 милијарди евра, додека во Шпанија биле потрошени 672 милиони евра. Во Италија се потрошиле 544 милиони евра за доведување на нови играчи.
И вкупниот број на трансфери е намален. Лани имало повеќе од 9.000 меѓународни трансфери, а сега таа бројка изнесува едвај 7.424 трансфери. Дури 1.222 играчи си нашле нов клуб како слободни играчи, што е за 25 отсто повеќе од минатата 2019 година.