Клубовите се бесни: ФИФА подготвува нов земјотрес, клупски Мундијал во Катар!

Светската фудбалска куќа, ФИФА, подготвува нов фудбалски земјотрес. Нивниот план предвидува следното Светско клупско првенство во 2029 година да се игра во Катар, земјата која веќе организираше зимски Мундијал.

Секако, и клупското првенство би се играло во зима, сред сезона, што воопшто не им оди во прилог на екипите. Планот е да се игра во текот на цел декември или евентуално по 15-тина дена во декември и јануари.

Претставниците на Фудбалскиот сојуз на Катар, како и државни функционери од оваа земја на Блискиот Исток, се наоѓаат во САД и веќе наголемо комуницираат со ФИФА околу оваа идеја.

Освен Катар, во моментов нема друга кандидатура за организација на следниот клупски Мундијал, а ако се имаат во предвид и парите кои се вртат во тој дел од светот, нема да биде изненадување доколку ФИФА наскоро и официјално му ја додели организацијата на Катар.

- Оглас -

Најнови вести