32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Клубовите се во хаос и можно е Премиер лигата да биде прекината

Омиркон варијантата од ковид-19 вирусот „удри“ навистина силно по екипите од Премиер лигата, па затоа и се разгледува опцијата за да се прекине ова натпреварување.

Односно, да не се одиграат натпреварите од ова коло викендов, како и дуелите од Лига купот коишто се закажани во текот за следната недела.

„Мислам дека овој викенд треба да биде одложено целото коло во Премиер лигата.

Бројот на заразени е навистина висок во клубовите и тоа претставува голем проблем за екипите“, изјави тренерот на Брентфорд, Томас Френк.

Тој воедно додаде и дека разговарал со челниците на клубовите и Премиер лигата и сите се согласни околу оваа идеја.

Ситуацијата во клубовите е навистина сериозна, речиси и да нема клуб кој остана „негативен“ по последниот бран на ковид-19.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на челните луѓе на најсилното фудбалско натпреварување на Островото и дали овој викенд ќе има фудбал на терените на терените во Англија.

- Оглас -

Најнови вести