Клучен меч во Денвер, а Њујорк, Индијана и Бостон ќе се обидат да ја завршат работата

Четири натпревари се играат вечерва во НБА-плејофот, а на три ако победат домашните екипи, тие серии ќе завршат со по 4-1 во победи. Меч-топка на свој терен имаат Индијана, Њујорк и Бостон.

Најсигурен „кец“ треба да биде мечот во Бостон, каде што актуелниот првак ќе проба да ја заврши работата против Орландо. Селтикс во нивната пребогата историја, 31 пат биле во ситуација да водат со 3-1, а дури во 20 случаи победувале на петтиот дуел и триумфирале со 4-1 во тие серии. Од друга страна, Орландо никогаш не победил на гости во петти меч.

Никс води со 3-1, но сите мечеви со Детроит беа тесни, во четвртиот тимот од Њујорк имаше и помош од судиите кога во последниот напад не досудија фаул, кој можеше да го смени текот на оваа серија.

Ниту Милвоки нема да се предаде однапред против Индијана, но Пејсерс го прегазија Бакс на четвртиот меч и со голема психолошка предност влегуваат во овој петти меч на свој терен.

Денвер и ЛА клиперс играат за водство од 3-2. Од првите четири меча во оваа серија, три беа многу тесни и завршија со 3 или помалку поени разлика. Кај овој пар и квотите во Sport Life за конечен тип се најблиски една до друга. Минимална предност им се дава на гостите, а одлична е квотата за победа на Никола Јокиќ и на другарите.

- Оглас -

Најнови вести