Клучниот момент за Реал се случи две минути пред да бидат дадени головите (Видео)

Реал Мадрид сезонава е преплатен за чудесни пресврти во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. На „Сантијаго Бернабеу“ синоќа по третпат се случи драма со среќен крај за Кралскиот клуб, откако Реал губеше со 0:1 до 90-тата минута, а на крајот стигна до 2:1 со голови во 90-тата и 91-вата минута. Потоа, во продолжувањата домаќините дадоа и трет погодок и се пласираа во финалето на ЛШ.

Сепак, чудото немаше да се случи ако не беше Ферланд Менди. Во 88-мата минута Џек Грилиш го помина и Тибо Куртоа и од близина шутираше кон празната мрежа, а од „никаде“ се појави Менди и од самата гол-линија ја исфрли топката во поле и спаси сигурен погодок за 0:2 за Сити.

Доколку Менди не реагираше и Сити постигнеше втор гол, тоа ќе беше крај за Кралскиот клуб, но бекот спаси и го најави чудесниот пресврт по кој Реал Мадрид се најде во финалето на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести