Најдобрите двајца тенисери Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас во последното, трето коло од завршниот Мастерс во Торино ќе бараат пласман во полуфиналето. По првите две кола и Ѓоковиќ и Алкарас имаат скор од една победа и еден пораз, што значи дека во третото коло мора да се радуваат.
Ѓоковиќ денеска од 14:30 часот ќе игра против Хуберт Хуркач. Полјакот влезе на местото на повредениот Стефанос Циципас. Три сценарија го водат Ѓоковиќ во полуфиналето: ако Синер го победи Холгер Руне, ако Ѓоковиќ со 2:0 слави над Хуркач и Руне со ист резултат биде подобар од Синер, како и тоа ако Ѓоковиќ победи со 2:0, а Руне слави со 2:1 над Синер и во еден таков случај Ноле да нема најлош скор на освоени гемови, бидејќи тогаш сите тројца тенисери ќе имаат еднаков број бодови и еднаков број освоени сетови.
Во другата група, Данил Медведев веќе е сигурен во полуфиналето, а Алкарас во петок ќе мора да го победи Русинот или да чека Андреј Рубљов, кој нема шанси, да биде подобар од Зверев.