Клупскиот фудбал се враќа на Спортска прогноза: Македонско дерби во 11-тото коло

Спортската прогноза во претстојниот викенд го враќа клупскиот фудбал во понудата. Новите 13 парови во 11-тото коло нудат нова шанса да се зграпчи „ајфонот“, главниот подарок кој се доделува за максимален учинок во „среќна 13-ка“.

Во викенд во кој има доста интересни дербија, како англиското меѓу Тотенхем и Манчестер сити, но и дуелот во Мадрид меѓу Атлетико и Барселона, посебен акцент мора да се стави на македонската пресметка во Удине.

Илија Несторовски со Удинезе ја пречекува Џенова на  „Гранде“ Горан Пандев на „Дачија арената“, дуел кој е предвиден за в недела, во рамките од осмото коло во Серија А. Креаторите на победничкиот гол против Грузија со кој Македонија обезбеди историски пласман на ЕП овојпат ќе бидат противници во битка за важни бодови во Калчото.

Исто така интересен ќе биде мечот во Неапол, каде што Елиф Елмас доколку закрепне, ќе ги одмери силите против лидерот Милан и неприкосновениот Златан Ибрахимовиќ.

Колото ќе се комплетира со средбата меѓу Вулверхемптон и Саутхемптон во понеделник навечер. Не треба да се заборават резервните парови, тоа се Марсеј – Ница и Ливерпул – Лестер, кои играат важна улога во вкупниот збир на погодени парови во Генералниот пласман.

Спортска прогноза е бесплатна игра и потребно е само да сте дел до Sport Life клубот, па да имате можност да освоите некој од вредните подароци.

- Оглас -

Најнови вести