Клупскиот фудбал се враќа на сцена – Топ-коло на Спортска прогноза, погодете ги дерби-дуелите за „ајфон 11“

Новото 11-то коло на Спортска прогноза е во тек со камбек на клупската сцена во Европа, а задачата на сите учесници ќе биде интересна, прецизно да се анализираат дуелите од Топ-5 лигите на патот кон убавата награда, „ајфон 11“.

До стартот на првиот меч во сабота во 15.30 часот можете да се приклучите со свои прогнози, а Хофенхајм и Штутгарт ќе означат почеток на новата авантура. Очекуваме Дарко Чурлинов да добие минутажа во составот на гостите, кои играат сè подобро и имаат серија од пет меча без пораз, наспроти Хофенхајм, екипа што нема победа на пет меча по ред.

Веднаш потоа Жолтата подморница ќе се обиде да го урне кралот на шпанскиот фудбал, Реал Мадрид, во дуел што ќе биде одличен за следење и за прогнозирање.

Во сабота има уште два дерби-натпревари меѓу Тотенхем и Манчестер сити и Атлетико Мадрид и Барселона, што е предизвик за сите прогнозери да се обидат да ги погодат прецизно сите 13 дуели од основната програма, што се наградува со „ајфон11“.

И недела ќе биде топ ден за фудбал, следуваат дуели меѓу Лидс и Арсенал, Наполи и Милан и македонското дерби во Серија А меѓу Удинезе и Џенова. Го очекуваме дуелот на Несторовски против Пандев, двајцата креатори на историскиот гол за Македонија во Тбилиси.

Колото завршува со англискиот меч меѓу Вулверхемптон и Саутхемптон во понеделник, а секако веќе знаете дека многу се вредни и поените од резервните парови во битката за Генерален пласман.

Трката е возбудлива, по 10 кола, тројца учесници во Спортска прогноза имаат по 75 поени, а 70-тата ја минаа дури 32 прогнозери, што најавува голема битка за шампионската круна во третата сезона и за главната награда ТВ Смарт од 48 инчи.

 

- Оглас -

Најнови вести