Футсал клубот Форца е победник на финалето на Купот на Македонија, откако вечерва во салата во Радовиш славеше драматична победа од 5-4 против КМФ Осогово и го освои пехарот на Фудбалската федерација на Македонија.
Стрелци за победничкиот тим беа Левески (два гола), Зекири, Исмаили и Јонузи.
За поразениот тим, КМФ Осогово, головите ги постигнаа Ристовски и Станојковски, кои беа двојни стрелци.