Кнезовите пазареа во Белград, Партизан убаво се опари

Српските медиуми го потврдија трансферот на Страхиња Павловиќ, младиот дефанзивец од Партизан, во Монако. Кнезовите се согласија да платат 10 милиони евра и плус бонуси, додека Павловиќ до крајот на оваа сезона ќе остане во Белград како позајмен играч.

Српскиот дефанзивец без проблеми ги помина медицинските прегледи пред да го стави потписот на пет и полгодишниот договор, а по вечерашната средба на Монако против Лил во францускиот куп, се очекува да се официјализира ангажманот.

Партизан дополнително ќе инкасира три милиони евра доколку бонусите се исполнат. Доколку Павловиќ одигра 25 натпревари во следната сезона, Црно-белите ќе добијат уште два милиони евра, а доколку клубот од Монте Карло обезбеди пласман во ЛШ или ЛЕ додека Павловиќ е нивен член, Партизан ќе добие уште еден милион евра.

Белградскиот гигант исто така ќе заработи 10% од следната продажба на Павловиќ. Трансферот на 18-годишниот стопер е еден од најголемите во историјата на Партизан.

- Оглас -

Најнови вести