Кнезовите прават кралски трансфери – Чуамени го испратија во Реал за 80 милиони евра, чекаат уште 35 од Мбапе

Монако ќе го продаде Орелијан Чуамени во Реал Мадрид за сума од 80 милиони евра, или речиси петпати повеќе од сумата што за него му ја платија на Бордо пред две години и во трансфер што тогаш ги чинеше 18 милиони евра.

Чуамени веќе ги информирал соиграчите дека си го исполнил сонот и дека ќе игра за великанот Реал Мадрид.

Монако има уште еден џек-пот што долго го очекува, а треба да добие 35 милиони евра од новиот договор на Килијан Мбапе со Пари Сен Жермен.

Во 2017 година популарните Кнезови се договорија со ПСЖ да му го продадат Мбапе за вкупна сума од 180 милиони евра, а последната рата од 35 милиони евра, да биде платена од следниот договор на Килијан со било кој клуб.

Мбапе завчера објави дека потпишал нов договор со ПСЖ до 2025 година што автоматски значи дека Светците од Париз ќе мора да префрлат 35 милиони евра на сметката на Монако.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести