Барселона во 35-тата минута преку Суарез стигна до предност од 1-0 против Леванте, но „најзаслужен“ за нивниот гол е македонскиот репрезентативец Енис Барди. Играчот за врска на домаќините ја изгуби топката во опасната зона, непосредно пред неговиот гол, а потоа комбинацијата на Меси и Суарез го казни Леванте.
Осум минути подоцна, Суарез му врати на Меси за асистенцијата при првиот гол, а овој зголеми на 2-0 така што му ја протна топката на Ојер меѓу нозе.
https://www.dailymotion.com/video/x6z28hz
https://www.dailymotion.com/video/x6z28pl