Коби Брајант да игра денеска во НБА, ќе дава по 100 поени

Некогашната НБА-ѕвезда Трејси Мекгрејди е разочаран од начинот на кој судиите решаваат во денешните мечеви да ги заштитат најдобрите поентери во Лигата. Мекгрејди се чуди како може да не се дозволи да се има малку агресивност во одбраната, како што тоа било во минатото.

Според Мекгрејди, играчите денеска се многу позаштитени од порано, па во една ваква ситуација ако на теренот денеска играше Коби Брајант, ексѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, ќе постигнуваше по 100 поени без никаков проблем.

„На денешните мечеви, Коби Брајант би можел да дава по 100 поени. Навистина мислам дека тоа би го направил без проблем, но за оние кои во моментов играат мислам дека тоа е невозможно. Офанзивните играчи премногу се форсираат. Ако не можете да го допрете Харден и да му се внесете во лице додека го чувате, тогаш како да го сопрете? Играчите се премногу заштитени во нападот.  Коби да игра денеска, тоа многу лесно би го користел и ќе беше доминантен“, вели Мекгрејди.

 

- Оглас -

Најнови вести