Коби Брајант знаел како паметно да вложи пари: На Ванеса ќе и бидат исплатени 200 милиони евра

Поминаа речиси четири месеци од трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант. Легендата на Лос Анџелес лејкерс загина откако хеликоптерот со кој леташе тој и уште осуммина, се урна во близина на Лос Анџелес. Загинаа сите кои беа во леталото, вклучувајќи ги и Коби и неговата 13-годишна ќерка Џиџи.

Освен што беше речиси незадржлив на теренот, Коби низ годините се покажал и како одличен претприемач. Во 2012 година, Брајант решил да вложи пет милиони долари во спортскиот пијалок BodyArmor. Тој верувал во овој производ и станал акционер во компанијата.

За многу брзо време BodyArmor стигна до врвот. Брајант едноставно вложил во вистински проект, а компанијата сега реши на сопругата на Коби, Ванеса Брајант да го исплати делот на кошаркарот. Вложените пет милиони евра сега станале 200 милиони евра.

„Изгубив близок пријател, изгубив брат, а BodyArmor го загуби својот основач. Брендот сигурно немаше да стигне до оваа позиција ако Коби не веруваше во овој проект“, вели основачот на компанијата, Мајк Репол.

Оваа компанија во која Коби инвестирал пред осум години, сега се проценува дека има вредност од две милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести