Петкратниот НБА-шампион Коби Брајант минатата недела беше гостин во едно американско шоу. Легендата на Лејкерс мораше да одговори на неколку прашања во врска со неговиот поранешен соиграч Шекил О‘Нил.
Популарниот кошаркар Црна мамба посочи дека сега би имал 12 шампионски прстени, а со Шек би биле најдобиот пар во историјата доколку О‘Нил вложел барем малку труд во салата за вежбање.
„И кога игравме заедно цело време му зборував, а го потсетувам и сега кода и да се видиме. Цело време му зборев: мрзливецу, мрдни се малку и оди повежбај“, но тој не ме слушаше“, вели Коби.
О‘нил по оваа провокација не остана рамнодушен и се огласи преку социјалните мрежи: Ќе имавме 12 титули ако ми подадеше некоја топка во финалето против Детроит во 2004. За напорна работа не се добиваат статуи“, посочи Шек.
Легендите на втората најтрофејна франшиза своевремено беа страв и трепет за противниците, а заедно освоија три последователни титули во сезоните 2000, 2001 и 2002, пред О‘Нил да се пресели во редовите на Мајами хит. Тогаш американските медиуми тврдеа дека разделбата на Шекил со Лејкерс била поради несогласувања со Брајант, но тие до денес се блиски пријатели, како што покажува оваа шега на социјалните мрежи.
https://twitter.com/RTNBA/status/1166683997935718401