0.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Коби не дочека да си направи поубаво селфи со својот млад фан

Момче по име Брејди Смигл успеа да направи фотографија со својот идол Коби Брајант не знаејќи дека тоа е последен пат што ќе го види и не знаејќи дека ја направил една од последните слики на живиот Коби.

Коби пред полетувањето со хеликоптерот со ќерката Џана, која исто така загина во несреќата, беше во црква, но таму никој не го фотографирал.

Брејди, кој има 13 години, еден ден пред трагедијата сакал да направи селфи со Брајант, но Коби бил лут и разочаран од поразот на Лејди Мамбас чиј тренер е и не сакал да се слика со Брејди, но се поздравил со момчето и му ветил: „Утре ќе направиме подобра фотографија“. Упорното момче направи слика со Брајант во позадина, но не ја дочека „подобрата фотографија“ бидејќи утредента Коби не стигна на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести