Ѓорѓи Кочов го признава поразот од Приморска, но не потпишува капитулација во финалето на АБА 2 лигата и вели дека ќе стори сè за да се врати самодовербата кај играчите и да се израмни резултатот во Копер утре, за да може судбината на шампионот да се одлучува во Скопје.
„Беа подобри во сите сегменти од нас. Играа тимски, агресивно и погодуваа без проблем. Иако немаме многу време за коригирање на пропустите, ќе се обидеме да победиме утре“, изјави Кочов.
МЗТ одигра многу лош меч, само на почетокот водеше и сè потоа беше во знакот на расположените Словенци. Утре, повторно во Копер, ќе се решава судбината на финалето во АБА 2 и нов пораз на МЗТ ќе значи простување од шансите да се овои првата титула во АБА 2 лигата.