МЗТ Скопје Аеродром в недела од 17 часот на свој терен има шанса да се пласира во финалето на втората АБА-лига, но иако го победи Спарс во Сараево, нема да му биде лесно ниту на пресметката во „Јане Сандански“.
По синоќешниот меч, во кој МЗТ победи благодарение на кошот на Лестер Медфорд на една секунда до крајот, што беше и единствено водство за македонскиот тим, „металците“ имаат долго патување, а веќе утре треба да гостуваат кај Куманово во прволигашки меч и нема да има одмор пред неделниот клучен меч со Спарс.
„Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, екипата држи роитам во континуитет цела година. Ние бевме во грч, не го очекував тоа. Спарс беше подобар цело прво полувреме, а ние бевме надвор од ритам. Имавме среќа, очекуваме една тешка и неизвесна средба и на реваншот во Скопје“, рече тренерот Ѓорѓи Кочов.
Во сараевскиот тим не мислат дека причина за поразот е само последната минута.
„Му честитам на МЗТ Скопје за победата. Ние првото полувреме го одигравме како што се договоривме, со огромна енергија, одговорно, но проблемот не беше последната минута, туку третата четвртина. Големиот број грешки кои ги направивме во третиот период придонесе да излеземе од ритам и кај нас уште тогаш се појави несигурност. Во секој случај, ќе се обидеме да оствариме победа во Скопје“, изјави тренерот на Спарс, Марко Трбиќ.
Потсетување на победничкиот кош на Медфорд: